Меркел - Нема преговори пред референдумот

Германската канцеларка Ангела Меркел инсистира на тоа дека не може да има преговори за каков било нов пакет за помош за Грција пред референдумот закажан за в недела. Меркел во германскиот парламент денеска рече дека „вратата за разговори со грчката влада секогаш била отворена и оти ќе остане отворена“, но оти Грција еднострано ги прекина разговорите со тоа што распиша референдум за предлозите на кредиторите. Таа рече дека тоа е легитимно право на Грција, но оти и другите земји во еврозоната имаат свои права.