Уште една недела за договор со Иран

Иран и шесте светски сили си дале период до 7 јули за постигнување на договор за иранската нуклеарна програма, соопшти портпаролот на Стејт департментот Мари Харф. Денеска требаше да истече рокот за постигнување решение, но преговарачите си дадоа уште време. Иран, Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД работат на постигнување конечен договор за нуклеарната програма на Иран, според кој Техеран ќе ја ограничи својата програма во замена за олеснување на меѓународните санкции.