ЕУ очекува конкретни резултати од политичките лидери

Европската комисија се надева на конкретни резултати во блиска иднина од средбите помеѓу политичките лидери во Македонија, рече денеска портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Комисијата ги поздравува континуираните преговори помеѓу политичките лидери во Македонија, кои се однесуваат на имплементацијата на препораките кои ги претстави ЕК во однос на договорот од 2 јуни, а комесарот Хан веќе ја изразил својата подготвеност да биде медијатор меѓу партиите доколку е неопходно. Но засега нема потврда за следна лидерска средба со комесарот Јоханес Хан, рече Коцијначич.