Зариф - Можен договор за нуклеарната програма

Министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф денеска изјави дека е можно да се постигне договор во преговорите со светските сили за нуклеарната програма. Денеска требаше да истече крајниот рок, но преговoрите продолжуваат без краен датум за договор.

„Јас сум тука за да постигнеме конечен договор и мислам дека ние можеме да го направиме тоа“, изјави Зариф пред состанокот со американскиот државен секретар Џон Кери.

Кери претходно рече дека е „премногу рано“ да се каже дали е возможен договор со Иран.