Грчките банки ќе бидат отворени за пензионерите

Министерството за финансии на Грција соопшти дека илјада банкарски филијали повторно ќе бидат отворени утре за исплата на пензионерите кои не користат платежни картички на банкомати за да можат да им бидат исплатени пензиите. Се очекува за другите корисници банките да останат затворен до 6 јули. Оваа мерка за контрола на капитолот грчката влада ја воведе за да се спречи колапс на банкарскиот систем откако реши да спроведе референдум за предлозите на странските кредитори. Премиерот Алексис Ципрас побара од Грците да ги отфрлат предлозите. Според него, колку што поголем ќе биде гласот против договорот „реформи за помош“ толку Грција ќе биде посилна во преговорите што би следеле потоа. Лидерите на Европската унија ја предупредија Грција дека отфрлањето на предлозите на кредиторите би значело напуштање на еврото.