Ципрас: Грците да ги отфрлат предлозите на кредиторите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од Грците да ги отфрлат предлозите на кредиторите на референдумот закажан за 5 јули. Според него, колку што поголем ќе биде гласот против договорот „реформи за помош“ толку Грција ќе биде посилна во преговорите што би следеле потоа. Лидерите на Европската унија ја предупредија Грција дека отфрлањето на предлозите на кредиторите би значело напуштање на еврото. Но, Ципрас вели: „Тие не можат да не исфрлат од еврозоната, бидејќи цената е огромна“. Тој додаде дека неговата влада има мандат да биде во рамките на Европската унија, но со многу повеќе правда. Преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори пропаднаа што доведе до затворање на грчките банки. За Атина денеска е последен ден за исплата на ратата од милијарда и 700 милиони долари на ММФ.