Ципрас: грчките банки привремено затворени

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во синоќешното телевизиско обраќање објави дека грчките банки ќе бидат привремено затворени и оти се воведува контрола врз капиталот. Сепак тој даде уверувања дека штедните влогови, платите и пензиите на граѓаните се загарантирани. Грчкиот премиер појасни дека одлуката на Банката на Грција за затворање на банките и за воведување рестрикции на трансакциите била донесена по одлуката на Европската централна банка да не го зголеми количеството итни пари што грчките банки можат да ги земат од Европската банка. Ципрас не прецизира колку долго банките ќе останат затворени, ниту за какви рестрикции на трансакциите станува збор. Според некои наводи, банките би можело да бидат затворени една недела. Во Грција в недела треба да се одржи референдум за предлозите за еврозоната, но програмата за финансиска помош на Грција истекува утре.