ЕЦБ ја продолжува подршката на грчките банки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека ќе продолжи со тековната финансиска помош на грчките банки преку механизмот на вонредна состојба кој е во сила од февруари оваа година "Со оглед на сегашните околности Управниот одбор на Европската централна банка одлучи да продолжи со итна ликвидност на грчките банки ", се вели во соопштението, но се додава дека одлуката може да биде преиспитана во секое време. "

Според извори блиски до грчката влада, Европската централна банка планира да го подигне прагот на помош на околу 90 милијарди евра, по неколкуте последователни зголемувања.

"Европската централна банка ќе соработува со Националната банка на Грција, со цел да се одржи финансиската стабилност", се додава во соопштението.

Гувернерот на Централната банка на Грција, Јанис Стурнарас вети дека ќе ги преземе "сите неопходни мерки за финансиска стабилност на земјата и покрај тешките околности."