Груевски: Заев бара нелогични работи за да избегне избори

Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев ќе направи се за да пропадне договорот од 2 јуни и за да не се одржат предвремени избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска во Скопје на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.

- Она што е значајно за Македонија е да не му се дозволи на овој човек и на оние околу него да смислат причини за да не се реализира договорот од 2 јуни. Заев не го интересира ни измени на законот за избори, ни странски набљудувачи, ни пречистување на гласачкиот список, ни ништо.Сето тоа му е второстепено, рече Груевски.

Знаејќи дека ќе ги загуби тие избори, Заев бара и ќе бара нелогични работи за кои народот одлучува, а не тој. Тој тоа го знае, но тој всушност бара спас од изборите,рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски

Груевски, исто така, го повика лидерот на опозицијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев да распише предвремени избори за градоначалник поради, како што вели, контроверзната снимка во која тој бара мито.