Италија ги зајакнува безбедносните мерки

Министерството за внатрешни работи на Италија наложи да се зајакнат безбедносните мерки на три пристаништа на јадранското Море, посочени како веројатни места од од каде терористите од Балканот би влегле во Европа.

Зајакнати се мерките за Анкона, Бари и Бриндизи, соопштува БТА, повикувајќи се на експерти, кои побарале да останат анонимни.

- Максимален степен на готовност е воведен по брегот на акваторијата која граничи со Албанија. Засилената контрола има и за цел да се спречат евентуални терористички напади на самите пристаништа, но и да се осуетат обидите за транзит на џихадисти во Сирија и Ирак.

Вчера министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано предупреди дека е зголемена терористичката закана по нападите во Тунис, Франција и Кувај