Се враќаат српските туристи од Тунис

Педесет српски туристи од Тунис пристигнаа во Белград попладнето со авион испратен од владата на Србија. Министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, изјави дека во Тунис, во моментов престојуваат 444 српски туристи, и дека 61 турист изразиле желба да се врати во земјата по терористичките напади. Љајиќ рече дека на туристите кои планирале да патуваат во Тунис до крајот на годината, Агенциите треба да им ги врати парите, иако тие немаат формално-правната обврска бидејќи на таа дестинација не е прогласена вонредна состојба, или да им дадат можност да се одлучат за друга дестинација.