Виена - завршни преговoри за Иранската програма

Меѓународните преговори за иранската нуклеарна програма влегуваат во завршна фаза, со рок до 30 јуни, Техеран и светските сили да постигнат договор. Американскиот државен секретар Џон Кери денеска е на состанокот во Виена со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф. По пристигнувањето во австрискиот главен град, шефот за надворешна политика на ЕУ Фредерика Могерини рече дека ќе биде тешко, но не и невозможно да се постигне договор, додавајќи дека ако е потребно разговорите може да продолжат и неколку дена по истекувањето на крајниот рок.Целта на разговорите, во кои учествуваат Иран и Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД е договор според кој Техеран би ја ограничил својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.