Над 500 повредени во експлозија во Тајван

Повеќе од 500 лица се повредени во експлозија во воден парк во Тајван. Инцидентот се случил во паркот Формоза во Њу Тајпеј. Несреќата се случила кога обоениот прашок фрлен врз присутните на еден концерт се запалил. Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека повредените 510 лица добиваат третман во 38 болници. Повеќе од 180 луѓе имаат сериозни повреди.На видео од местото на настанот се гледа огромна огнена топка која одеднаш се проширува над паркот и луѓе како врескаат и се провлекуваат низ пламените јазици.