Авганистанските сили ја презедоа контролата од Талибанците во пограничната област

Авганистанските војници ја презедоа контролата во областа Вајгал на границата со Пакистан, по еден ден откако областа падна во рацете на Талибанците.Според официјални лица авганистанските војници ја имаат контролата врз областа Вајгал од синоќа.
Осумнаесет полицајци загинале , а 20 други биле повредени во борбите изјави гувернерот на провинцијата во Нуртистан.Талибанците ги негираа извештаите дека областа била преземена од владините сили. Во меѓувреме, вчера 19 бунтовници биле убиени, а 8 биле повредени во авганистанските воздушни напади во провинцијата Кундуз во северниот дел на земјата,соопшти полицијата. На 23 јуни, по нападот врз Парламентот на Авганистан, амбасадорот на земјата во Обединетите нации, Захир Танин , рече дека Авганистан е под напад од талибанските бунтовници, повеќе од 7.000 странски борци, како и други насилни групи вклучувајќи ги и ИД.