Тунис:Идентификувани десет од жртвите во нападите

Десет од 38 те жртви во петочните терористички напади во Тунис денеска се идентификувани и во поголемиот дел се Британци , соопшти Министерството за здравство на Тунис.

"Десет тела беа идентификувани од 38: осум Британци,еден Белгијанец и еден Германец ", изјави Науфел Сомрани, од Министерството за здравство

"Триесет и девет лица се повредени, а тие се Британци, Германци и Белгијци, додаде Сомрани.

Министерството соопшти дека националноста на жртвите се утврдува бавно, бидејќи поголемиот дел од туристи беа убиени на плажа, во момент кога во себе немале документи.