Курдските борци ги протераа милитантите од Кобани

Курдските сили ги протераа милитантите на Исламската држава од Kобани, по два дена откако тие повторно влегоа во градот.

Опсерваторијата за човекови права со седиште во Велика Британија денеска објави дека во нападот на ИД загинаа најмалку 174 цивили, од кои 148 во Кобани на турската граница.

Најмалку 16 курдските борци ги загубија своите животи, а 54 милитанти се убиени.

Сириската армија и курдските сили, исто така, од синоќа започнаа битки против Исламската држава околу градот Хасекх.