Сириските трупи и Курдите се борат со ИД

Сириската армија и курдските сили се борат во одвоени битки против милитантите на Исламската држава околу градот Хазакех во Сирија, јавија агенциите. Пред два дена милитантите започна офанзива во областите во Хазакех кои се под контрола на владата .Северниот сириски град Хазакех е поделен меѓу владините сили и курдските борци. ОН соопшти дека по нападите се проценува дека 120.000 луѓе во меѓувреме се раселени.

Вчера во напад на милитантите во Кобани загинаа најмалку 145 луѓе.Кобани се наоѓа на границата со Сирија северозападно од Хасекх

Курдските сили, со помош на западните сојузници ги протераа милитантите на ИД од Кобани кон крајот на јануари годинава, по четиримесечната опсада на градот.