Ереван: Полицијата побара од демонстрантите да се вразумат

Шефот на ерменската полиција Владимир Гаспаријан ги повика демонстрантите да покажат здрав разум и да престанат со блокадите на главната улица во градот, бидејќи го попречуваат нормалниот живот во главниот град. Гаспаријан за ова разговараше со неколку членови на Парламентот, кои дојдоа на местото на блокадите, да застанат како "човечки штит" меѓу припадниците на безбедносните сили и демонстрантите.Тој од нив побара да се заложат кај активистите за деблокирање на авенијата , која е во близина на зградите на државната управа на Ерменија,и на претседателската палата.

Вчера демонстрантите ја блокираат главната сообраќајницa во ерменскиот главен град Ереван и покрај тоа што вчера владата соопшти дека не планира да ја повлече одлуката за поскапување на струјата за 16 проценти од 1 август.