Мигрантка од Сирија се породи во Гевгелија

Илустрација.

Мигрантка од Сирија денеска се породила во Гевгелија откако претходно била забележана од страна на патролен тим од полициската станица Богородица и пренесена во Здравствениот дом поради породилни болки. Таа родила женско бебе. Родителите на бебето пред околу два месеца ја напуштиле Сирија. Двајцата сириски мигранти сакале да одат за Германија каде имале роднини кои веќе добиле азил и се наоѓаат во градот Хамбург.