Расте бројот на жртви од нападот во Тунис

Најмалку 28 загинати и 36 повредени е најновиот биланс од нападот на хотел во туристичкото одморалиште Сус во Тунис, соопштија тамошните власти. Министерството за здравство соопшти дека меѓу убиените има Тунижани, Британци, Германци и Белгијци. Нападот го извршиле двајца вооружени напаѓачи. Полицијата убила еден од напаѓачите, додека по другиот се трага. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.