Тунис - 27 жртви во напад на хотел

Илустрација.

Најмалку 27 луѓе загинале во напад на хотел во туристичкото одморалиште Сус во Тунис, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи. Тој вели дека е убиен и вооружениот напаѓач. Засега не се соопштуваат повеќе детали. Станува збор за едно од најпопуларните летувалишта во Тунис, каде летуваат гости од Европа и од соседните земји. Земјата го подигна нивото на безбедност, откако вооружени исламисти во март годинава го нападнаа музејот Бардо во Тунис, при што загинаа група странски посетители.