Протестите во Ереван продолжуваат

Илјадници демонстранти и натаму ја блокираат главната сообраќајницa во ерменскиот главен град Ереван и покрај тоа што вчера владата соопшти дека не планира да ја повлече одлуката за поскапување на струјата за 16 проценти од 1 август. Демонстрантите протестираат во близина на претседателската палата. Се уште не се знае дали лидерите на демонстрантите ќе се сретнат или ќе ја одбијат средбата со претседателот Серж Саркасијан предвидена за подоцна денеска. Демонстрантите инсистираат средбата да се пренесува во живо на телевизија и на радио.