Обама и Путин разговарале за Иран и ИД

Рускиот претседател Владимир Путин му телефонирал на американскиот претседател Барак Обама, што бил прв нивен телефонски разговор од февруари годинава. Притоа тие разговарале за преговорите за иранската нуклеарна програма, за ситуацијата во Сирија и за потребата за справување со милитантите на Исламската држава, соопшти Белата куќа. Обама од своја страна ја нагласил потребата за одржување на примирјето во Украина, вклучувајќи го тука и повлекувањето на руските сили е опрема од украинска територија.