Косовскиот парламент за формирање Специјалниот суд

Косовскиот парламент денеска би требало да донесе одлука за формирање специјален суд за воени злосторства што ги извршила ОВК. Оваа седница досега беше одлагана неколку пати. Здружението на ветерани на ОВК за денеска најавија протести. Претседателот на тоа здружение Џавит Јашари рече дека парламентот нема да има потребно двотретинско мнозинство за донесување на одлуката.