Унгарија - ЕУ за помогне со мигрантите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска упати писма до челниците од Европската комисија и Европскиот парламент по прашањето за илегална миграција, пред се за враќањето мигранти во првата точка од нивниот влез во ЕУ, изјави денеска шефот на Кабинетот на Владата на Унгарија, Јанош Лазар.

Прашањето на мигрантите исто така ќе биде клучна тема на заедничката седница на владата на Србија и на Унгарија на 1 јули.

Лазар рече дека според најновите податоци, во првите фази 16.000 мигранти ќе бидат испратени во Унгарија од други членки на ЕУ.

Според проценките на надлежните министерства во таа држава, цифрата може да се зголеми на дури 200.000 мигранти во втората половина од годината.