Собранието дебатира за мигрантите

Во Собранието денеска се одвива комисиска дебата за мигрантите и правото на азил. Јасмин Реџепи од невладината Легис вели дека Европската унија има капацитети да прими многу повеќе луѓе и затоа не треба да се однесува кон Македонија и кон Србија како кон земји кои треба да бидат нивни „бафер зони“ и места каде што ќе не трупаат со бегалци. Ние немаме такви капацитети и им препорачуваме да не се надеваат на такво нешто во Македонија, вели Реџепи. Дебата јаорганизираше Комисијата за европски прашања во Собранието. Реџепи ја повика ЕУ да помогне да се изгради нов прифатен центар за мигранти во земјата.Во 2014 година во споредба со 2013 година бројот на нелегални мигранти во ЕУ имал раст од 164 отсто, односно нивниот број изнесувал околу 240.000, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.