Светски нафтени фирми разговараат со Иран

Претставници на Ројал Дач Шел и на Ени се сретнале со официјални претставници на Иран за да разговараат за инвестирање во енергетската индустрија во таа земја. Ова е за прв пат некои светски нафтени компании јавно да потврдат дека водат такви разговори пред можниот договор за иранската нуклеарна програма на 30 јуни. Средбите кои се одржале во минатиот и овој месец се доказ за растечкиот интерес меѓу големите нафтени компании за Иран чии резерви на нафта и гас се трети најголеми во светот. Иран произведува два милиона и 700 илјади барели нафта дневно.