Џон Кери оди во Виена на преговори со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе им се приклучи на преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, каде што дипломатите забрзано настојуваат да постигнат спогодба до истекот на крајниот рок 30 јуни. Тоа ќе биде прво негово патување во странство откако ја скрши ногата при пад од велосипед во текот на престојот во Женева каде што разговарал со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф. Шестте светски сили сакаат да ја ограничат нуклеарната програма на Техеран во страхување дека иранските власти се обидуваат да дојдат до атомска бомба. Техеран тоа го демантира.