Ципрас во Брисел бара решение на кризата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се среќава со грчките кредитори во Брисел во обид да обезбеди итен договор за финансиска помош. Тој денеска се среќава со претставници на Европската комисија, Европската централна банка и на Меѓународниот монетарен фонд, тројката што ги оценува последните предлози на Грција за реформи. Извештаите велат дека доверителите претставиле контра-предлози кои опфаќаат низа чувствителни прашања, во обид да се постигне договор неколку часа пред предвидената средба на министрите за финансии од еврозоната. Грција е во неколкумесечен ќор-сокак со кредиторите за новата помош од 7,2 милијарди евра. Атина мора да му врати 1,5 милијарди евра на ММФ до крајот на месецов или ќе се соочи со банкрот и излез од ЕУ.