СДСМ ги поздравува заклучоците на Советот на ЕУ

СДСМ денеска соопшти дека ги поздравува заклучоците на Советот на министрите на ЕУ.

Во заклучоците, Европската унија порачува дека приоритет за Македонија е да се решат проблемите со владеењето на правото, вклучително и во однос на прекршувањето на основните човекови права, независноста на судството, слободата на медиумите, корупцијата, изборите.

Според опозициската партија, токму овие проблеми се основна причина за политичката криза.

„Барањето на Европската унија, адресирано во заклучоците, итно да се обезбеди темелна и независна истрага за содржината на објавените аудио материјали, е клучна порака дека ЕУ бара одговорност во врска со сите кривични дела, потврдени од снимките коишто ги објави опозицијата“, стои во соопштението од СДСМ.