Груевски и Коѕиас за унапредување на односите

Премиерот Никола Груевски и грчкиот министер Никос Коѕиас, ја истакнале потребата и заложбата за континуирано унапредување на добрососедските односи.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците ги поздравија и дадоа позитивна оценка за мерките за градење доверба помеѓу двете земји, а се осврнале и на спорот за името.

„Двете страни ја истакнаа значајноста на процесот кој се води под медијаторство на Обединетите нации за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за отвореното прашање“, стои во соопштението.