Унгарија го промени ставот за азилантите

Унгарија денеска го повлече претходниот став за азилантите. Министерот за надворешни работи Петер Сијатро на неговиот австриски колега му пренел дека Унгарија нема да попречува ниту едно правило на ЕУ. Унгарската влада синоќа соопшти дека ја суспендира Даблинската спогодба, европски документ кој се однесува на бегалците за да ги заштити унгарските интереси. Тоа значеше дека Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата. Денеска министрите на Австрија и Унгарија разговараа за азилантите, во пресрет на утрешниот Самит на ЕУ на кој ќе стане збор и за кризата со мигрантите.