Коѕиас утре во посета на Србија

Грчкиот министер Никос Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе го посети Белград, каде ќе се сретне со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

По проширените разговори меѓу двете делегации, Коѕиас и Дачиќ ќе имаат и заедничка прес-конференција, соопшти грчкото МНР.

Грчкиот министер во Белград ќе се сретне и со претседателот на Србија Томислав Николиќ, како и со српскиот премиер Александар Вучиќ.