Советот на ЕУ загрижен за ситуацијата во Македонија

Советот на Европската унија изрази длабока загриженост поради политичката криза во Македонија и повика на почитување на спогодбата постигната на 2 јуни со која меѓу другото е договорено да се направат напори за владеење на правото и за натамошна посветеност на земјата кон европската интеграција. Таа спогодба со која се предвидуваат предвремени парламентарни избори во април идната година, според Советот, е значаен чекор напред во надминувањето на политичката и институционалната кризаво Македонија. Советот ги повика партиските лидери да ги спроведат препораките на Европската комисија меѓу кои итни реформи на изборниот систем. Исто така се очекува детален извештај за претстојната седница на Советот за стабилизација и асоцијација планирана за идниот месец.