Авганистан - војската поврати област од талибанците

Авганистанските трупи ја повратиле контролата на северната област Чардара од талибанците, по тридневна борба, соопштија владините сили. Бунтовниците ја зазедоа областа во провинцијата Кундуз на 21 јуни. Гувернерот на областа рече дека ја повратиле областа утрово. Тој рече дека најмалку шест војници, 85 бунтовници и еден цивил загинале во борбите. Вчера талибанците зазедоа уште една област во истата провинција.