Грчкиот министер Коѕиас утре во Скопје

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе престојува во Скопје каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

По средбата со Попоски, Коѕиас ќе разговара со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, со премиерот Никола Груевски, а со претседател Ѓорге Иванов ќе има и работен ручек, соопшти грчкото МНР.

Коѕиас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР.