Во Ерменија протест против цената на струјата

Неколку илјади луѓе синоќа излегоа на протест во Ереван, главниот град на Ерменија против покачувањето на цените на струјата. Демонстрантите беа спречени од специјалните сили со водени топови под образложение дека нивниот протест бил незаконски. Струјата во Ерменија деновиве поскапе за 16 насто.