Во Брисел дијалог меѓу Србија и Косово

Александар Вучиќ

Премиерите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Иса Мустафа денеска во Брисел го продолжуваат дијалогот. Најавено е дека ќе се разговара за енергетиката и телекомуникациите, како и за Заедницата на српски општини и за мостот во Митровица. Некои приштински медиуми јавуваат дека денеска ќе биде договорено отстранување на барикадите на овој мост.