Утре нов состанок за Грција

Нов состанок на министрите за финансии на еврозоната посветен на Грција ќе биде одржан утре. Ова синоќа го објави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по самитот на 19 земји членки кои се во еврозоната. „Новите грчки предлози претставуваат чекор напред“, оцени тој, додавајќи дека останува уште работа која треба да се заврши во наредните часови. „Еврогрупата може да постигне резултат в среда вечер“, рече Туск. Увереност дека на тој состанок ќе се дојде до решение изрази и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.