Советот за општи работи на ЕУ за заклучоците за Македонија

Советот за општи работи на Европската унија се очекува денеска да ги усвои нацрт заклучоците прифатени на вчерашната седница на министрите за надворешни работи на Унијата. „Ги охрабривме сите страни во Скопје да го имплементираат политичкиот договор што е постигнат на 2 јуни. Посебно да се работи на имплементација на реформите, предвремените избори и транзицијата за да се врати довербата во институциите од сите луѓе во земјата“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по вчерашната седница. Советот ја повторува својата загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза. Советот позитивно ги регистрира последните напорите на партиските лидери да бараат и постигнат решенија и во овој контекст го поздрави олеснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан, како и на членовите на Европскиот парламент. Овие заклучоците треба да бидат усвоени на самитот на Европскиот совет што почнува в четврток.