Над 200 жртви од толотен бран во Пакистан

Повеќе од 220 луѓе починале како резултат на топлотниот бран кој ја зафати пакистанската јужна провинција Синд. Властите соопштија дека повеќето од смртните случаи биле пријавени во најголемиот град на покраината, Карачи, каде температурата достигна 45 степени Целзиусови во последните неколку дена.

Стотици пациенти пак се лекуваат во болниците. Голем дел од жртвите се постари луѓе кои страдаат од треска и дехидрација. Метеоролошката служба соопшти дека од утре се очекува заладување на времето.