ХРВ: Полицијата употреби прекумерна сила на 5 мај

Полицијата употребила прекумерна сила за време на протестот на 5 мај годинава, за смртта на Мартин Нешкоски, се наведува во најновиот извештај на „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) за полициската бруталност.

Организацијата наведува дека властите во земјава треба да започнат истрага и да покренат обвиненија поради употребата на прекумерна сила од полицијата. Тие препорачуваат во иднина да им се гарантира правото на мирно собирање на луѓето.

Што се однесува пак на казните кои им се одредени на осудените, се смета дека се преголеми со оглед на делото за кое биле судени, а во однос на паричниот дел тие биле поголеми од самата просечна плата во Македонија.

По протестот на 5 мај имаше неколкумина повредени и приведени луѓе. Дел од приведените поминаа со парични казни, дел беа осудени на условни затворски казни, а има и казна затвор.

„Хјуман рајтс воч“ интервјуирале седум лица уапсени на протестите, од кои еден новинар, кој бил приведен додека ја извршувал својата работна задача.