МО демантира дека хеликоптерите на АРМ се приземјени

tactical proficiency" in the Rajlovac barracks. Sarajevo, 16Jun2015.

Министерството за одбрана категорично ги демантира информациите во дел од медиумите дека сите хеликоптери на АРМ се приземјени, се наведува во соопштението на министерството.

Министерството за одбрана информира дека Армијата на Република Македонија располага со оперативни хеликоптери кои што во периодот што следува ќе се користат за помош на населението на Република Македонија, имајќи предвид дека во летните месеци постојат ризици од евентуални пожари на територијата на државата.