НАТО ги зголемува силите за брза реакција

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата оваа недела ќе одобри планови за двојно зголемување на бројот на силите за брза реакција. Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО од 24 до 26 јуни во Брисел треба да одржат состанок, на кој министрите ќе донесат одлука за зголемување на Силите за одговор од 13 илјади на 30 до 40 илјади војници. Столтенберг, исто така, рече дека НАТО ќе го забрза процесот на донесување одлуки со кои ќе се одговори на новите предизвици.