ЕУ стартува мисија против шверцери со луѓе

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска го одобрија почетокот на првата фаза од воена операција против шверцери на луѓе во Средоземното Море. Властите соопштија дека за една недела треба да почнe мисијата, односно стартуваат бродови и авиони кои треба да спроведат собирање на разузнавачки мисии.

Шефицата за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини рече дека земјите членки се договориле да одговори на кризата.

По првата фаза ќе следи активна интервенција за оневозможување на трговците со луѓе и нивно апсење, а третата фаза ќе се прошири и на поморската територија на Либија, а можеби и во внатрешноста на самата земја.

Во меѓувреме, грчката крајбрежна стража соопшти дека спасиле повеќе од 1.000 мигрантиво Егејското Море во текот на викендот.