Напад на талибанците врз авганистанскиот парламент

Силна експлозија се случила во авганистанскиот парламент во Кабул што предизвика евакуација на пратениците. Во моментот на експлозијата телевизијата вршела директен пренос од седницата на парламентот на која се расправало за нов министер за одбрана. Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид на Твитер напишал дека зад нападот стојат талибанците. „Неколкумина муџахедини влегоа во зградата на парламентот“, наведува тој. Според новинските агенции, кои се повикуваат на полициски извори, станува збор за самоубиствен напад со автомобил бомба по што неколкумина вооружени лица почнале да пукаат врз зградата.