Полскиот авиопревозник ЛОТ цел на сајбер напад

Стотици патници биле заглавени на аеродромот во полскиот главен град Варшава поради сајбер напад чија цел бил полскиот национален авиопревозник ЛОТ. Прекинот траел неколку часови. Претставник на ЛОТ изјави дека ова било за прв пат што авиокомпанијата била цел на ваков напад со кој било спречено да се планираат летовите. Полските надлежни органи го истражуваат инцидентот.