Иран забрани пристап до нуклеарните постројки и научниците

Иранскиот парламент денеска гласаше за закон со кој се забранува пристап до нивните воени локации и научниците како дел од идниот договор со светските сили за нуклеарната програма. Од 213 присутни пратеници на денешната отворена седница 199 гласаа за законот кој ќе бара и целосно укинување на сите санкции против Иран како дел од кој било финален нуклеарен договор. Иранскиот устав предвидува совет да ја утврди уставноста и исламската природа на кој било закон. Доколку го потврди законот тој може да ги комликува разговорите кои во Виена се водат меѓу Иран и шесте светски сили, САД, Британија, Франција, Русија, Кина и Германија. Од тие разговори треба да произлезе конечен договор пред рокот кој сами си го поставија, 30 јуни.