Групи лојални на ИД преземаа делови во провинцијата Кундуз

Авганистанските безбедносни сили соопштија дека се подготвуваат да преземат контранапад денеска во областа на северната провинција Кундуз која беше заземена од талибанските борци и централно азиските милитанти, групи лојални на Исламска држава. Локалните власти потврдија дека бунтовниците вчера ја зазеле областа Чардара по дводневни напади на провладините сили. Талибанците исто така имаат позиции и во Гул Тепе, област која се наоѓа на северозапад од главниот град на провинцијата. Талибанците и Централно азиските милитанти почнаа офанзива во април. Многу од бунтовниците се инфилтрираа во северен Авганистан минатата година откако избегаа поради пакистанската воена офанзива во племенскиот регион Северен Вазиристан.