Времето денеска врнежливо и ветровито

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ретки грмежи се можни на југот од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 21 степени.